26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Зошто светот се претвора во „јапонски“?

График на денот: Зошто светот се претвора во „јапонски“?

japonski svet

Пред речиси една година претседателот на централната банка на Јапонија Харухико Курода откри неверојатна инспирација за невидените парични стимулации во земјата: „Петар Пан“.

„Уверен сум дека многу од вас се запознаени со приказната за „Петар Пан“, во која се вели дека, „во моментот кога ќе се сомневаат во тоа дали може да лета, ќе престане засекогаш да биде во можност да го направи тоа“. Да, она што ни треба, е позитивен став и убедување. Навистина, секој пат кога централните банки се соочуваат со нов круг од проблеми, тие ги надминуваат, применувајќи нови решенија“.

Оптимизмот на Курода е очајно потребен во земја која во моментов е официјално претркана од четирите „азиски тигари“ (Хонгконг, Сингапур, Јужна Кореја и Тајван) од гледна точка на реалниот БДП по глава на жител. Според предвидувањето на експериментите со крајни парични политики, Јапонија во моментов нема со што да се пофали.

Би било добро ако оваа приказна на економска слабост можеше да се дефинира како исклучок. Последните околности сепак ги поттикнуваат централните банкари се повеќе да гледаат на приказната за „Петар Пан“.

А светот се претвора во јапонски.

japonski svet111

Негативните каматни стапки беа економска химера пред многу децении, но идејата сега се повеќе станува тренд. Конвенционалната теорија беше дека штедачите само ќе собираат готовина наместо да ги чуваат во депозити за одредена цена, но сега централните банкари почнуваат да веруваат дека овој страв е неоправдан. Особено откако општеството станува безготовинско, а непријатностите да преземете пари за да заштедите неколку долари, не вреди.

Централните банки во Швајцарија, Шведска, Данска и Јапонија воведоа негативни каматни стапки. ЕЦБ исто така ја поддржува својата основна каматна стапка на депозитите во негативна насока од јуни 2014-та година, објави „VisualCapitalist“.

Во последните недели интересот за овој економски експеримент значително се зголеми. Шведска ги намали каматите до уште негативни нивоа, сигнализирајќи на останатиот свет дека нема од што да се плаши. Во меѓувреме како Федералните резерви, така и централната банка на Канада отворено размислуваат за можноста за политика со негативни каматни стапки во соодветните јурисдикции.

Не сите се согласуваат дека аналогијата на централните банкари со „Петар Пан“ е соодветна.

Не е важно колку се убедени и оптимистички настроени централните банкари во своите вештини – на крајот на денот тие едноставно ќе продолжат со неколку минути живот во неизбежната битка со многу силната дефлациона сила.

Со други зборови „надеж“ не е стратегија која централните банкари може да го користат ефикасно во секоја ситуација, а пустата желба си има свои ограничувања. Пазарот очигледно исто се согласува и е дел од причините поради кои акциите се продадат во оваа година. Дури засолништа како трговијата со злато се враќаат на хоризонтот, откако во голема мера беа игнорирани во  текот на минатата година.

Многумина сепак изразуваат критики против активите како златото, што поскапе за 15% на годишна основа, бидејќи тоа не ги исплаќа дивидендите или каматите. Ова може и да е точно, но златото барем не се „наплати“ со каматни стапки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП