26 јуни, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПремногу риба во бременоста го зголемува ризикот од дебелина на децата

Премногу риба во бременоста го зголемува ризикот од дебелина на децата

fish-allergy

На жените кои во бременоста консумираат риба повеќе од трипати седмично им се заканува зголемена опасност да родат деца поподложни на пореметувањето на работата на ендокриниот систем, чијашто телесна маса ќе биде зголемена, покажа истражувањето чиишто резултати се објавени во стручниот магазин Journal of the American Medical Association Pediatrics (JAMA Pediatrics).

Рибата е чест извор на органски загадувачи, поради што честата изложеност на овие специфични материи од хемиско потекло кои луѓето ги создале при индустриските процеси, може придонесе за развојот на дебелината кај децата или да влијае врз пореметувањето на растот, покажало споменатото истражување.

Американската Агенција за храна и лекови (FDА) и Агенцијата за заштита на околината (EPA) од 2014 година ги предупредуваат трудниците или жените кои имаа намера да забременат, да го ограничат консумирањето на риба на максимално трипати седмични за да ја ограничат изложеноста на фетусот на меркуриум, тежок метал и невротоксин, кој има штетно влијание врз нервниот систем.

Сé уште нема прецизен и јасен одговор на прашањето колкаво е оптималното количество риба и кој вид риба е добро да се консумира во текот на бременоста, а тоа да нема негативен ефект врз растот и развојот на детето, вели Веда Чатци од Критскиот универзитет, коавторка на студијата,

Научниците ги анализирале податоците собрани од 26.184 трудници од европските земји и од САД, за да пронајдат врска меѓу честата исхрана со риба во текот на бременоста, како и влијанието на честото консумирање риба врз потенцијалната дебелина на детето.

Го следеле развојот на 8.215 деца на трудници кои јаделе риба повеќе од трипати во седмицата. Кај 31 отсто од децата е забележан побрз раст во периодот од раѓањето до втората година, 19,4 отсто од децата имале вишок килограми од просекот во четвртата година, а 15,2 отсто во шестата година од животот. Бројките биле пониски кај децата од мајки кои во текот на бременоста јаделе риба еднаш седмично или поретко.

Појавата, покажуваат резултатите од ова истражување, била поочигледна кај женските деца. „Едно од објаснувањата би можело да се побара во фактот дека рибата често содржи органски загадувачи“, заклучуваат истражувачите, истакнувајќи дека во текот на студијата не ја земале предвид различноста на водовите риба, начинот на приготвување за храна, ниту податокот дали станува збор за речна или за морска риба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП