25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПрва изведба на заедничкото дело на Моцарт и Салиери

Прва изведба на заедничкото дело на Моцарт и Салиери

noti 3353

Неодамна пронајденото музичко дело што се сметаше за изгубено, а заеднички го напишале Волфганг Амадеус Моцарт и Антонио Салиери, денеска беше првпат изведено во големата сала на некогашната барокна црква во Прага во која денеска се наоѓа Чешкиот музеј на музиката.

„Да се слушне изведбата на заедничкото музичко дело на Моцарт и Салиери…загубено повеќе од 200 години е исклучително доживување“, рече Михаел Лукес, директорот на Националниот музеј на музиката, кој присуствуваше на концертот.

Заедничката композиција, музичкото либрето на Лоренцо да Понте, беше пронајдено во складиштето на Националниот музеј на музиката.

Моцарт (1756-1791) неколку пати престојувал во Прага, а на 29 октомври 1787 година токму во тој град била праизведена неговата опера „Дон Жуан“, за која либретото го напиша Да Понте (1749-1838) италијански поет и либретист.

Шпекулациите, кои експертите ги отфрлаат, дека токму Салиери (1750-1825) ја предизвикал смртта на Моцарт затоа што му завидувал на генијалноста, потекнува од приказната „Моцарт и Салиери“ на рускиот книжевник Александар Пушкин. Таа тема ја предизвика англискиот драматург Петер Шафер за своето дело „Амадеус“, по кое чешкиот режисер Милош Форман токму во Прага го сними својот филм „Амадеус“, награден со осум Оскари во 1985 година.

Во 2016 година се одбележува 260-тиот роденден на Моцарт и 225 години од неговата смрт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП