6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Куќичка“ на Оливера Николова на српски јазик

„Куќичка“ на Оливера Николова на српски јазик

kukicka roman 35

Романот „Куќичка“ на истакнатата македеконска писателка Оливера Николова на српски јазик го објави реномираната српска издавачка куќа „Арка“.

Во превод на угледната српска поетеса, есеистка и преведувачка Лилјана Стејиќ деновиве од печат излезе актуелниот роман „Куќичка“ на Оливера Николова. Романот на српски јазик го објави ИК „Арка” од Смедерево, која, инаку, во своите библиотеки досега објавила над шеесет дела од македонската книженост, а неодамна и единствената антологија на македонската поезија од 9-ти век до денес, „Моќни струни”, чиј составувач, преведувач и препејувач беше академик Ристо Василевски.

Во својата препорака, истакната српска критичарка и есеистка Татјана Лазаревиќ-Милошевиќ пишува дека „Романот Куќичка на Оливера Николова ги фокусира пред сè психолошките превирања и егзистенцијалата криза на жената неснајдена во сопствениот живот и во животот на едно зовриено и девастирано општество во транзиција… Динамичната, реторски ефектно градената раскажувачка перспектива го прави читателот дел на романескниот свет и полезен соговорник во заплетот кој опфаќа елементи на разни романескни видови: овој роман е и љубовен, и општествен, и во еден слој криминалистички, или роман на тајни… “

Ристо Василевски, пак, пишува дека „Романот Куќичка на Оливера Николова е реалистична слика на состојбите видени во огледалото на транзицијата низ кои минаа сите земји на просторот на поранешна Југославија, Источна Европа и СССР. На таа слика се гледа напор да се избришат старите и да се стекнат нови индивидуални и колективни идентитети, што најмногу им погодуваше на новите властодршци и на оние собрани околу нив. Грубото поништување на минатото, поигрувањето со судбините на луѓето, тајкунската распродажба на фирмите, масовните отпуштања од работа, наглото богатење на поединците, влијанието на странскиот фактор и капиталот, штрајковите, се менуваат во тоа огледало како сликички во калеидоскоп… “

Романот „Куќичка“ е објавен во култната библиотека која го носи името на овој реномиран издавач – Арка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП