12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНестле планира да инвестира 16 милиони долари во производството на кафе во...

Нестле планира да инвестира 16 милиони долари во производството на кафе во Кина

S

Нестле една од најголемите светски прехранбени компании, најави дека ќе инвестира околу 16 милиони долари во центарот за производство на кафе во Кина, пренесува Блумберг.

Во компанијата ова го гледаат како дел од стратегијата за популаризација и зголемување на побарувачката на кафе и во најнаселената земја во светот.

Индустријата за кафе во внатрешноста на земјата има голем потенцијал за раст, со оглед  на тоа што потрошувачката овде е помала од останатите делови на Кина, изјави Шеико Шипер, директор на преставништвото на Нестле во Кина.

Компанијата со седиште во Швајцарија, своите нескафе производи ги продава на компанијата „Маги“ во Кина. Новата стратегија подразбира организација на тренинг за 5.000 фармери (одгледувачи), агрономи и професионалци во сегментот за производство на кафе, вклучувајќи ја и технологијата во лабараториите и работниците во центарот за однос со потршувачите. Кафето има огромен потенцијал со оглед на ниската стапка на конзумација по глава на жител.

Во Кина тоа изнесува само четири шољи по глава на жител, додека во Тајван таа бројка достигнува 100 до 150 шољи кафе годишно по глава на жител.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП