17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi се подготвува да го пречека новиот Q модел

Audi се подготвува да го пречека новиот Q модел

udic 33

Фотографијата која ја објави германскиот производител пред премиерата на четвртиот член од семјеството на „SUV“ возила, открива многу работи, но неговата ознака и натаму останува непозната.

Новиот „Q“ модел официјално ќе биде претставен на претстојниот саем за автомобили во Женева, на почетокот на март. „Audi“ по тој повод на својата „Facebook“ страна објави фотографија на која се гледаат постоечките „SUV“ модели, „Q3“, „Q5“ и „Q7“, и резервирано паркинг место за четвртиот.

Со оглед дека празнината се наоѓа од левата страна на „Audi Q3“, се очекува дека новиот „SUV“ ќе биде позициониран под тој модел. Останува да се види дали автомобилот ќе ја има ознаката „Q1“ или „Q2“.

Новиот модел од „Q“ серијата е поставен на скратената „MQB“ механичка платформа и стандардно ќе се испорачува со преден погон, а во понудата ќе биде и изборен „quattro“ систем. Се проценува дека почетната цена на автомобилот ќе изнесува околу 25.000 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП