6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПродажна изложба на дел од проектите од областа на креативните индустрии

Продажна изложба на дел од проектите од областа на креативните индустрии

dizajn 3543

Продажна изложба на дел од проектите од областа на креативните индустрии кои беа финансиски поддржани од Министерството за култура во 2015 година, ќе биде отворена во сабота напладне во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“.

Ќе бидат изложени парчиња накит, облека, мебел и други дизајнерски производи со практична и применлива вредност создадени од 17 млади креативни практичари. Продажната еднодневна изложба за сите заинтересирани ќе биде отворена до 20 часот.

Започнувајќи од 2013 година, Министерството за култура во континуитет објавува Годишен конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата од областа на креативните индустрии, кој наиде на исклучително позитивен одзив кај креативците во нашата држава.

Досега се поддржани повеќе од 200 проекти, а целта е да се поттикнат младите луѓе да го развиваат својот креативен потенцијал и иновативни размислувања, да се анимираат и охрабрат креативците од своите идеи да искреираат оригинални и уникатни дизајнерски производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП