27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗависни сте од слатки? Еве како да си помогнете...

Зависни сте од слатки? Еве како да си помогнете…

sweets-1024x682

Шеќерот е намирница која предизвикува голема зависност и знаеме колку е тешко да се избегнe, но наш совет е да се обидете да се откажете од него барем на 30 дена – вашиот организам ќе ви биде многу благодарен. Еве како да го постигнете тоа…

Држете се што подалеку од производите со намалена количина на шеќер и масти. Само затоа што се малку подобра опција во однос на калории, не значи дека се здрави – тие се полни со разновидни вештачки додатоци кои негативно влијаат на здравјето.

Читајте ги декларациите на производите. Избегнете го секој производ кој во 100 гр содржи повеќе од 5 гр шеќер.

Елиминирајте ги преработените јаглени хидрати. Знaеме дека звучи напорно, но обидете се барем еден месец да ги избегнувате намирниците кои содржат преработени јаглени хидрати. Тука спаѓаат производите од бело брашно и производите со додаток на шеќер во било кој облик.

Консумирајте напитоци без шеќер. Кафе, чај, какао и лимонада, овие напитоци пијте ги без шеќер. Исто така не додавајте шеќер во житарките и млекото.

Не претерувајте со консумирањето на овошје. Иако е здраво, овошјето е полно со шеќер. Ако сакате да ослабите, немојте да јадете повеќе од две порции овошје дневно. Особено избегнувајте ги овошните салати кои содржат додатоци како што е шлагот.

Вклучете што повеќе бои во исхраната. Со разновидната исхрана во вашето тело ќе внесете различни витамини и минерали.

Внимавајте на шеќерот во соковите и газираните пијалоци. Ова е дефинитивно најлесниот начин да ослабите. Наместо тоа, исцедете сок од овошје или едноставно сварете си чај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП