9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamoa Air наплатува билети според тежината на патниците

Samoa Air наплатува билети според тежината на патниците

samoaair1

Авиокомпанијата „Samoa Air“ од Самоа е прва во светот која одлучи да ги наплатува авионскитe билети според тежината на патниците.

Управата на компанијата тврди дека тоа е најправедниот начин за наплата и дека билетот кој ќе се наплатува според тежината ќе биде поевтин од класичното наплатување на билети.

„Samoa Air“, компанија која започна со работа во 2012 година, пред летот ќе ги мери своите патници и ќе им ги наплатува билетите според килограмите кои ги поседуваат патниците.

„Авиоиндустријата сега има концепт дека сите луѓе во светот се со иста големина, но во мојата глава не постојат сомнежи дека ова е концептот на иднината. Ова е најчесниот и најправедниот начин на патување“, вели претседателот на управата Крис Лангтон.

Самоа, островска држава со 200.000 жители е четвртата земја во светот со најголем број на дебели луѓе, покажуваат податоците на Светската здравствена организација (СЗО) од 2010 година.

Цената на билетите е 1,32 самоански долари (0,5 американски долари) за килограм тежина на домашните летови и 2,40 долари (1,2 американски долари) за летови над 400 километри одалеченост.

Децата помали од 12 години исто така ќе плаќаат според тежината, но 75 проценти од цената за возрасни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП