19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ наметнува давачки до 13% за челик увезен од Кина

ЕУ наметнува давачки до 13% за челик увезен од Кина

celik cena eu

Европската унија (ЕУ) наметнува давачки од 13% на увоз на челик од Кина, користен за јакнење на бетон. Тоа е уште еден знак за загриженоста на ЕУ кон прекумерна продуктивност на кинеските фабрики, коментира „Bloomberg“.

Царините се вид казна против кинеските извозници кои продаваат челична арматура за јакнење на бетон во ЕУ по цени под нивната цена, практика позната како дампинг. Меѓу компаниите кои подлежат на царински давачки се „Jiangyin Xicheng Steel“, „Jiangsu Yonggang Group“ и „Zhangjiagang Shatai Steel“.

Конкурентите кои се базирани во ЕУ, како „Celsa“ и „Riva“, претрпеле „значителна штета“ како резултат на увезениот челик од Кина, објави Европската комисија во официјалниот журнал. Царините, кои ќе влезат во сила од сабота, се за шест месеци и може да се продолжат до пет години.

Во предвид на веќе изречената антидампинг заштита на ЕУ против кинески стоки се движи од нерѓосувачки и електричен челик до челични жици, новите мерки се одразуваат на европските стравувања дека кинеските фабрики имаат капацитет да ги „поплават“ светските пазари. Кина, која формира околу половина од глобалното производство на челик и го предвиде најслабиот економски раст по повеќе од две децении во 2015-та година, на 24-ти јануари, вети дека ќе го скрати својот капацитет за производство на челик.

A worker processes reinforcing steel, also called rebar, at a construction site in Beijing, China, on Tuesday, Aug. 21, 2012. China has over the past two years raised down-payment and mortgage requirements, imposed a property tax for the first time in Shanghai and Chongqing, increased building of low-cost social housing, and placed home-purchase restrictions in about 40 cities. Photographer: Nelson Ching/Bloomberg

Кинеските извозници го зголемиле својот удел на пазарот на ЕУ за челична арматура за јакнење на бетон до речиси 36% во 12-те месеци до март 2015-та година од 7,9% во 2013-та година и нула ниво во претходните години, рече денеска комисијата.

Анти-дампинг давачките се првиот резултат од истрагата што комисијата ја започна во април 2015-та година. Таа беше иницирана по жалба од европската индустриска група за челик „Eurofer“ од името на производители, формирајќи над четвртина од производството на слична арматура во ЕУ.

Привремените давачки се движат од 9,2% до 13% во зависност од кинескиот извозникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП