18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКонцерт на симфонискиот оркестар и џез бендот при Густавус Адолфус Колеџот од...

Концерт на симфонискиот оркестар и џез бендот при Густавус Адолфус Колеџот од САД

kolll

Денес синфонискиот оркестар и џез бендот при Густавус Адолфус Колеџот од САД во соработка со Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС) организираат концерт на класична и џез музика.

Настапот ќе биде дел од турнејата на симфонискиот оркестар со наслов: „American Celebration of Music in Greece and Macedonia”.

Македонската публика ќе има чест да присуствува на настапот на 150 млади професионалци и талентирани студенти на различни факултети при Густавус Адолфус Колеџот. Покрај своите студии во различни подрачја, тие се исто така дел и од музичката програма на колеџот, каде што имаат можност да ја градат својата професионална кариера во симфонискиот оркестар, џез бендот, хорот и други музички секции.

Влезот е слободен, со претходна најава. Концертот почнува во почеток во 20 часот во Македонската опера и балет (МОБ).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП