18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија ќе потроши 9 млрд евра за справување со кризата

Русија ќе потроши 9 млрд евра за справување со кризата

rusija-ekonomija-ruru

Рускиот министер за економија најави во четвртокот дека настрана ќе остави сума во износ до девет милијарди евра, за справување со финансиската криза која е плод на остриот пад на цените на нафтата на светските пазари.

Министерот за економија Алексеј Улуакев планира да издвои 750 милијарди рубљи, или девет милијарди евра, од што 310 милијарди рубљи сочинуваат кредити за подрачните органи на управата, веќе предвидени во буџетот за 2016 година.

Руската економија минатата 2015 година забележа пад од 3,7 отсто, а и оваа година би требало да трпи последици од структурните проблеми кои ги заостри остриот пад на цените на нафтата на меѓународните пазари, а и во помал дел поради западните санкции што ЕУ и САД ги воведоа против Русија поради нејзината наводна вмешаност во украинската криза.

Рускиот претседател Владимир Путин издаде налози дека буџетскиот дефицит мора да остане под 3 отсто од домашниот бруто производ (БДП). Сегашниот буџет е темелен на претпоставената просечна цена на нафтата до 50 долари за барел, па неговото остварување ќе претставува тешка задача, доколку цените на нафтата не се вратат наскоро на претпоставените нивоа, иако руските компании симулираа ситуации на уште подрастичен пад на цените. Во моментов со барелот нафта на светските пазари се тргува во просек по цена од 30 долари за барел.

Од изјавите на министерот Улукаев не може да се препознаат мерките преку коишто владата на премиерот Дмитриј Медведев има намера да го оствари предвидените средства за справување со кризата. Русија има два готовински фонда за кризни периоди, а тие веќе се начнати, и поради настојувањата да се поддржи курсот на рубљата, а некои експерти сметаат дека до крајот на годинава може да бидат испразнети, додека некои сметаат дека Русија може без поголеми последици да издржи две години.

Според написите во руските медиуми, планот за справување со кризата опфаќа помош на регионите, поддршка за клучните економски сектори како што се земјоделието и автомобилската индустрија, како и мерки во социјалната политика и структурни реформи.

Иако владата објави дека годинава има намера да ја намали потрошувачката за 10 отсто, одредени големи сектори ќе бидат поштедени од намалувањата, а тоа особено се однесува на одбраната и на системот за социјална грижа како што е пензискиот систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП