19 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на Остеновите уметници на годината

Изложба на Остеновите уметници на годината

osten-kosten

Остен организира изложба на дела создадени од остеновите уметници на годината 2012 – 2015, а отворањето на изложбата и доделувањето на наградите ќе се одржи во четврток, во изложбениот салон на МАНУ со почеток во 20.20 часот.

Остен е, покрај значителната комуникација со интернационалните уметници (најзабележлива преку активностите за Остен биеналето на цртеж и Музејот на цртеж), со особено внимание ја следи активноста и на македонските уметници. Со цел да обезбеди простор за презентација, меѓусебен натпревар, стимулација и мотивација на уметниците и што подобра меѓусебна соработка – Остен ја организира манифестацијата Остенови уметници на годината.

Секоја година, `Oстен уметност на хартија’ прогласува 12 македонски уметници за Остенови уметници. Се покануваат уметницит од различни возрасни категории, разчлични стилови на уметничко делување, од различни делови на Македонија – но она што е обединувачко за уметниците на Oстен е цртежот со ист формат: 110 х 190 см., кој според правилникот на манифестацијата треба да го направи секој од нив.

Меѓу 12-те уметници од тековната година, се доделуваат следните награди и признанија: Награда за животно дело, Остенов уметник на годината, Млад уметник на годината (до 40 години)

„Основната идеја е да воспоставиме манифестација преку која на македонските уметници ќе Им оддадеме почит за успешно завршената професионална година. Со тоа сакаме да покажеме дека ги следиме случувањата на македонската сцена на визуелните уметности во целост, како и активностите на уметниците поединечно. Генерална цел е да се афирмира и стимулира ликовната дејност во Македонија преку создавање на креативни и мотивирачки форми на соработка помеѓу Остен и македонските ументици“, велат организаторите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП