4 мај, 2024
ПочетнаТОП ВЕСТИПрвото „Caffè SOSPESO” во Македонија

Првото „Caffè SOSPESO” во Македонија

_MG_5608

Осигурителната компанија Евроинс Осигурување, во соработка со IL CAFFE DI ROMA го нарачаа првото caffè sospeso во Македонија. Целта на овој мини настан беше да во присуство и со помош на медиумите се промовира и рашири оваа древна италијанска традиција на  нарачка на caffè sospeso како знак на нашето добро расположение или добра воља.

“ За презентирање на оваа иницијатива го одбравме токму IL CAFFE DI ROMA бидејќи овде може да се вкуси едно од најубавите италијански кафиња во Скопје. Додека уживаме во чинот на пиење убаво кафе несекогаш помислуваме дали постои некој кој не може да си го дозволи истото. Можеби некојпат дел од нас почувствувале и грижа на совест. Од денеска сум уверена дека со нарачка на  caffè sospesoмоето кафе можеби ќе треба да го платам поскапо но во него ќе уживам двојно  повеќе.” – потенцира Г-ѓа Виолета Поп-Василева, Извршен директор на Евроинс.

„На овој начин како компанија го даваме нашиот скромен придонес и се надеваме за брзо проширување на оваа италијанска традиција насекаде низ Македонија. Во дел од соседните земји истото се практикува не само при купување на кафе туку и во случаите при набавка на леб, млеко,… Идејата да се даде и помогне на оној кој има помалку ќе се прифати од сите и во тоа воопшто не се сомневам.„ – се надоврза г-дин Јанко Николов, Извршен директор на Евроинс.“

Сопственикот на IL CAFFE DI ROMA, г-динот Стефан Стојановски изјави: „Сметаме дека ова е одлична и благородна идеја и веднаш ја прифативме и воведовме во нашето кафуле. Се надеваме дека со овој чин ќе се даде сигнал и до останатите субјекти во државата да се вклучат кон оваа иницијатива и да придонесат за што поголема масовност на истата.“

 

_MG_5646

_MG_5618

_MG_5640

_MG_5643

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП