24 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПочина Ејб Вигода, актерот од култниот филм „Кум“

Почина Ејб Вигода, актерот од култниот филм „Кум“

abe-vigoda

Еден од актерите од култниот филм „Кум“ на Френсис Форд Копола, Ејб Вигода почина во вторникот во Њу Џерси на 94 години додека спиел, соопшти неговото семејство, јавуваат светските агенции.

Вигода чие целосно име е Абрахам Чарл Вигода е роден во 1921 година во Бруклин, во Њујорк во еврејско семејство на руски имигранти.

Веста за неговата смрт ја објавила неговата ќерка Керол Вигода Фукс, а неговиот менаџер, Сид Крег изјавил дека Вигода не бил болен, туку починал од старост.

Актерот дебитирал на американскиот театар „Бродвеј“ изведувајќи дела од Вилијам Шекспир, во кои неговото издолжено лице, силната вилица и продорните очи доаѓале до израз.

Иако зад себе има 50 години работа во театар, сепак стана познат по улогите во филмовите, а особено по улогата на Салватор Сал Тесиo, еден од „полковниците“ на мафијашкото семејство Корлеоне.

„Не сум љубител на мафијата. Јас сум актер кој животот го помина на театарските штици, но Франсис ми рече дека во својот филм не сака луѓе кои изгледаат како гангстери, туку луѓе кои делуваат благородно. Во мене виде нешто што го потсетува на класичниот Рим.

Меѓу неговите улоги е и појавувањето во улогата на детективот Фил Фиш во хумористичната серија „Барни Милер“, која што му донесе три номинации за наградата Еми.

Во 1982 година магазинот „Пипл“ по грешка објави вест дека починал. Актерот на оваа лажна вест одговори така што се сликаше како седи на мртовечки сандак и го држи изданието на овој магазин.

Последната улога ја одигра во рекламата за „Сникерс“ која беше емитувана во текот на финалето на американскиот фудбал „Супер бол 2010“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП