20 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНадоместете го недостатокот на витамин Д

Надоместете го недостатокот на витамин Д

shutterstock_300889631_620x0

На внесот на витамин Д особено внимание би требало да обрнат средновечните мажи, бидејќи е неопходен за апсорцијата на калциумот кој ги штити коските од скршеници.

Повеќето припадници на посилниот пол не се свесни за значењето на витаминот Д за здравјето. На внесот на овој витамин особено внимание треба да обрнат средновечните мажи, бидејќи е неопходен за апсорцијата на калциумот кој ги штити коските од скршеници.

Исто така, недостатокот на витамин Д е поврзан со зголемениот ризик од рак на дебелото црево и инфаркт. Негативно влијае и на сексуалната желба, го намалува нивото на тестостерон што како последица може да се јават депресија, мрзеливост и анксиозност.

Особено водете сметка во зима, кога нема доволно сонце кое преку природен пат произведува витамин Д. Лекарите препорачуваат да се обрне поголемо внимание на исхраната и да се зголеми внесот на намирници богати со витамин Д. Па така, на вашата трпеза почесто треба да се најде лосос, сардина, млеко, сирење, јогурт, жолчки и сок од портокал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП