18 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако Кина може да заштеди 460 милијарди долари?

Како Кина може да заштеди 460 милијарди долари?

kitajci 353

Падот на цените на суровините предизвикуваат главоболка во целиот свет – Русија, Саудиска Арабија и Бразил страдаат од опаѓање на приходите. Но има и профитабилни. Најголемиот од нив …. е Кина.

Околу 460 милијарди долари годишно може да заштеди оваа земја при сегашното ниво на цените на суровините, вели Кенет Кoртис, цитиран од DPA. Менаџерот е поранешен заменик-директор за Азија на американската банка „Goldman Sachs“, а сега раководи со „Startfort“. Огромен удел од речиси 320 милијарди долари отпаѓаат на најниската цена на нафтата, смета тој. Останатиот дел од заштедите се од падот на цените на јагленот, индустриските метали и земјоделските производи.

Неговите пресметки се едноставни. Кина увезува 12,5 милиони барели на ден (по 159 литри). Со цена од околу 30 долари за барел сурова нафта сега чини 70 долари помалку отколку во 2014-та година. Така земјата заштедува секој ден 87,5 милиони долари само од увозот на нафта, па за целата година се добива сериозна сума од милијарди долари.

Од смалувањето на трошоците искористи целата економија – фабриките произведуваат поевтино, се намалуваат сметките за греење, многу храна е поевтина.

„Тоа доведува до намалување на инфлацијата и значи дека домаќинствата можат да купат повеќе работи“, наведува и поранешниот економист на Светската банка Лиус Куџис за „Bloomberg“. А профитот во производствениот сектор би бил доста понизок без падот на цените на суровините.

Но и тоа не е сè. Пониската инфлација го зголемува просторот за маневри на кинеската Народна банка за ново ублажување на монетарната политика и промовирање на конјуктура. Во минатата година според официјални податоци економијата на Кина се зголеми за 6,9 отсто – најслабиот раст во последниве 25 години. Поевтините пари во принцип би требало да се одразат во поевтини кредити и истовремено – во притисок над инфлацијата.

Сето ова може да им помогне на лидерите на земјата да го менуваат економскиот модел. Пекинг се обидува да ја намали зависноста од извозот, тешката индустрија и инвестициите, но има намера да ја зајакне домашната потрошувачка и услужниот сектор. А ако Кинезите имаат повеќе пари за трошење, тоа може да се припише многу полесно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП