30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајбогатите 62-ца милијардери поседуваат исто богатство како половина од светската популација

Најбогатите 62-ца милијардери поседуваат исто богатство како половина од светската популација

rsz_homeless_passerby

Од добротворната организација Oxfam, која со децении ги следи овие податоци, сметаат дека само повисоките плати, справувањето со одбегнувањето на даноци и многу поголеми инвестиции во јавните сервиси можат да спречат овој јаз уште повеќе да се прошири.

Имотот на само еден отсто од најбогатите луѓе на светот ја надминал во текот на минатата 2015 година сопственоста на преостанатите 99 отсто, и тоа една година порано отколку што се предвидуваше, или 62 луѓе на планетава имаат исто колку и најсиромашната половина од светската популација, објави британската невладина организација Oxfam пред светскиот економски форум во Давос.

„Разликата меѓу најбогатиот слој и остатокот од населението се продлабочила на спектакуларен начин во последните 12 месеци“, се наведува во извештајот на споменатата невладина организација под насловот „Економијата во служба на еден отсто од населението“, објавено пред одржувањето на Светскиот економски форум (WEF) кое започнува во средата во швајцарскиот зимски туристички центар Давос. „Минатата година Oxfram предвидуваше дека еден отсто од населението ќе поседува повеќе од остатокот на светот во 2016 година. Тоа предвидување се оствари веќе во 2015-та, една година порано“, се истакнува во извештајот. „Од почетокот на XXI век, најсиромашната половина од човештвото искористила помалку од 1 процент од вкупното зголемување на светското богатство, додека 1 отсто од најбогатите поделиле половина од тоа зголемување“, се истакнува во извештајот.

Како илустрација за спектакуларното продлабочување на нееднаквоста последните години, организацијата пресметала оти „62 лица поседуваат исто колку и најсиромашната половина од светското население“, односно 3,5 милијарди луѓе, додека „пред пет години таа бројка изнесувала 388 луѓе“, што покажува дека богатите станале уште побогати, а сиромашните уште посиромашни.

Богатството на 62-цата најбогати пораснало од 2010 година за 44 отсто, додека богатството на 3,5 милијарди луѓе на планетава се намалило за 41 отсто, се наведува во извештајот на Oxfram. Речиси половината од супер богатите поединци потекнуваат од САД, 17 се од Европа, а остатокот од Кина, Бразил, Мексико, Јапонија и Саудиска Арабија.

„Светските челници се загрижени од тоа што ескалацијата на кризата на нееднаквоста досега не доведе до конкретни чекори – светот стана место со многу повеќе нееднаквост и тој тренд забрзува. Не можеме и натаму да дозволиме стотици милиони луѓе да гладуваат, додека ресурсите кои би можеле да се искористат да им се помогне се во рацете на оние на самиот врв“, вели извршната директорка на Oxfram International, Вини Бјанјима.

Околу 7.600 милијарди долари богатство на поединци лежат во даночните прибежишта во странство, а кога би бил платен данокот на доход, којшто го генерира ова богатство, на владите на располагање секоја година би им стоеле дополнителни 190 милијарди долари, коментира доцентот на Универзитетот Беркли во Калифорнија, Габриел Закман.

Дури 30 отсто од севкупното африкански финансиско богатство се наоѓа во странство, со што секоја година континентот губи околу 14 милијарди долари даночни приходи, објави Oxfram, повикувајќи се на истражувањето на Закман. Тоа се доволно пари да се плати здравството и на годишно ниво да се спасат 4 милиони деца, како и да се вработат доволно наставници, за секое африканско дете да оди на училиште, се наведува уште во извештајот.

„Мултинационалните компании и богатите елити играат според поинакви правила од сите други, одбиваат да платат даноци кои се потребни за општеството да функционира. Фактот дека 188 од 201 водечка компанија во светот се присутни барем во едно даночно прибежиште, покажува дека е време да се дејствува“, порачува вели Бјанјима.

Обезбедувањето на собирањето на даноците од компаниите и богатите поединци ќе биде клучно за елиминирањето на екстремната сиромаштија до 2030 година, една од 17-те одржливи развојни цели кои во септември минатата година ги одредија од Oxfram.

Огромниот и растечки јаз меѓу богатите и сиромашните е соголен во најновиот извештај на добротворната организација Oxfam, кој покажа дека 62-ца најбогати милијардери поседуваат исто богатство како и посиромашната половина на светската популација.

Темпиран да се совпадне со годишниот собир на супер-богатите на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, извештајот повикува на итни акции за да светот се справи со растечкиот тренд кој доведе до тоа 1 (еден процент) од светската популација да поседува исто богатство како другите 99 отсто заедно!
Oxfam вели дека богатството на најсиромашните 50 отсто падна за 41 отсто, меѓу 2010 и 2015 година, и покрај растот на светската популација од 400 милиони луѓе. Во истиот период, богатството на најбогатите 62-ца луѓе се зголемило за 500 милијарди долари и сега изнесува 1,76 трилиони долари.

Организација, исто така, наведува и дека во 2010 година, 388 најбогати луѓе поседувале исто богатство како најсиромашните 50 отсто. Оваа бројка падна на 80 во 2014 година, за повторно да се намали во 2015 година.

Марк Голдринг, извршен директор на Oxfam за Британија, вели: „Едноставно е неприфатливо тоа што најсиромашната половина од светското население поседува колку и една мала група супер-богати – толку се малку, што можете сите да ги сместите во еден автобус! Загриженоста на светските лидери за растечката криза на нееднаквоста засега не се претвори во конкретна акција која би осигурала дека оние на дното ќе добијат фер дел од економскиот раст. Во свет во кој еден од деветмина луѓе секоја вечер си легнува гладен, не можеме да си дозволиме и понатаму на богатите да им даваме се поголеми парчиња од колачот“.

Водечки фигури, од папата Франциск до Кристина Лагард, извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд, повикаа на акција да се сопре трендот на нееднаквост, но од Oxfam велат дека зборовите не се претворија во дело. Нејзиното предвидување дека најбогатиот 1 отсто од светската популација ќе поседува исто богатство како и 50-те проценти најзиромашни, се оствари една година пред очекуваното.

Светскиот економски форм во Давос се случува во момент на изразити стравувања дека потресите на финансиските пазари на преминот во новата година го означуваат почетокот на нова фаза на глобалната криза која започна пред осум години – со тоа што овој пат неволјите доаѓаат од земјите во развој.

Oxfam смета дека е неопходен трократен пристап: уништивање на затајувањето на данокот; повисоки инвестиции во јавните сервиси; и повисоки плати за нископлатените. Од таму велат дека приоритет треба да биде затворањето на „даночните раеви“, кои богатите поединци и компании ги користат се позачестено за да го одбегнат плаќањето на даноците и кои на владите ширум светот им ги одземат ресурсите потребни за да се справат со бедата и нееднаквоста.

Пред три години, британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека Велика Британија ќе го предводи глобалните напори да се сопре агресивното затајување на даноци и во богатите и во сиромашните земји, но од Oxfam велат дека ветените мерки за зголемување на транспарентноста во британските прекуморски територии и кралските вазали, како што се Кајманските острови и британските Девствени острови, никогаш не се реализирани.

Голдринг вели: „Мораме да ја завршиме ерата на „даночни раеви“, кој на богатите поединци и на мултинационалните компании им овозможија да ги одбегнат обврските кон општеството со криење на се поголеми суми на пари во офшор институциите. Справувањето со велот на тајност кој ја прикрива британската мрежа на „даночни раеви“би бил огромен чекор кон сопирањето на екстремната нееднаквост. Сметам дека три години откако го даде своето ветување, Камерон мора конечно да се разбуди и да испорача“.
Oxfam цитираше процени кои велат дека богатите поединци префрлиле вкупно 7,6 трилиони долари на нивните офшор сметки, напоменувајќи дека, доколку плателе данок на приходот кое ова богатство го акумулирало, владите би имале додатни 190 милијарди долари на располагање секоја година.

Добротворната организација вели и дека се смета оти дури 30 отсто од вкупното финансиско богатство на Африка се наоѓа на офшор сметките. Проценетата загуба од 14 милијарди долари во ненаплатени даноци би била доволна за да се плати здравстената нега за мајките и децата, што би спасило околу четири милиони детски животи годишно и би овозможиле вработување на доволно учители за да може секое африканско дете да посетува училиште.

Oxfam најави дека во Давос ќе се соочи со извршните раководители на мултинационалните корпорации во врска со нивните даночни политики. Од таму велат и дека девет од десет корпоративни партнери на Светскиот економски форум се присатни во барем еден од „даночните раеви“ и се проценува дека затајувањето на даноци од страна на мултинационалните корпорации ги чини земјите во развој најмалку 100 милијарди долари секоја година. Корпоративните инвестиции во „даночните раеви“ се зголемија за речиси четири пати во периодот помеѓу 2000 и 2014 година.

Само во Британија, според Equality Trust, организација која се бори против нееднаквоста во Британија, најбогатите 100 семејства го зголемиле своето богатство за најмалку 57 милијарди од 2010 година наваму, период во кој просечните плати драстично се намалија.

Директорот на трастот, Данкан Ексли, заклучува: „Нееднаквоста, и глобално и во Велика Британија, достигна зашеметувачки нивоа. Знаеме дека толку широк јаз помеѓу најбогатите и ние останатите не може да биде добар за економијата и за општеството. Она што сега ни е потребно е политичарите да се разбудат и да се справат со оваа опасна концентрација на богатство и моќ во рацете на неколкумина.“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП