4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАФранцуски и британски продуценти сакаат да снимаат филм во Македонија

Француски и британски продуценти сакаат да снимаат филм во Македонија

филмммм

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска оствари средба со претставниците на раководството на реномираните компании за филмска продукција, „Marnie Digital“ и „2017 Films“, кои престојуваат во неколкудневна работна посета на Македонија.

На средбата, на која присуствуваше и директорката на Агенцијата за филм Мими Ѓоргоска-Илиевска, продуцентите изразија подготвеност својот следен интернационален високобуџетен филмски проект кој го реализираат заедно да го снимаат во нашата земја, која во филмската дејност се етаблираше како дестинација со интересни филмски локации и атрактивни стимулативни мерки како што се правото на поврат на ДДВ и ниски даноци.

Продуцентите од Франција и Велика Британија потенцираа дека активно работат на своето најново заедничко филмско остварување, француско-англиска копродукција во која ќе бидат вклучени светски познати актери, а снимањето ќе започне на крајот од 2017 година. Тие ја изразија својата голема заинтересираност и продукциска куќа и професионалци од филмската дејност од Македонија да партиципираат во овој голем интернационален проект, а музиката за филмот да ја изработат реномирани композитори од нашата земја.

Претставниците од компаниите посетија неколку локации во Битола и во Прилеп каде што се запознаа со потенцијалите и природните ресурси што ги поседува Република Македонија за снимање големи филмски проекти.

Продуцентите од Франција и Велика Британија беа во посета и на локацијата во општина Зелениково каде што е предвидено да се реализира проектот за изградба на филмско студио.

Гостите го изразија и огромното задоволство од остварените средби со повеќе реномирани актери и композитори од Македонија, како и со повеќе македонски компании за продукција и постпродукција, меѓу кои и компаниите „ФХ3Х“, „Вертиго“ , интернационалниот оркестар ФАМЕС.., со кои изразија уведување дека во перидот што следи ќе остварат и конкретна соработка.

Претставниците на реномираните компании најавија дека во јуни годинава, кога се очекува да бидат прецизирани повеќе аспекти од реализацијата на нивниот филм, повторно ќе дојдат во Македонија кога ќе посетат нови локации и ќе остварат средби со македонски композитори кои веќе работеле на интернационални филмски проекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП