2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКАКВО МЛЕКО ПИЕТЕ!?

КАКВО МЛЕКО ПИЕТЕ!?

baa

Сите ние знаеме дека конзумирањето млеко и млечни продукти во исхраната е корисно за здравјето – луѓето кои имаат исхрана богата со млеко и млечни производи може да го редуцираат ризикот од намалување на коскената маса во текот на животниот циклус.

Млекото и млечните производи обезбедуваат нутритиенти кои се витални за здравјето и одржувањето на телото, како: калциум, калиум, витамин Д и белковини.

Квалитетното млеко треба да биде составен дел од исхраната на секој човек, посебно кај децата и младите. Но, сте се запрашале ли какво млеко пиете?

Многумина од консументите кај нас и во светот забораваат дека секое млеко не е исто и ретко кога внимаваат на неговиот состав или пак ретко кога на пакувањата читаат за неговото потекло или дали истото соддржи додатоци.

Нашата земја има долгогодишна традиција на одлгедување на добиток во идеални услови, кои од секогаш давале висококвалитетни млечни производи. Нашата земја неколкукратно добивала признанија за највисок квалитет во регионот, од одгледувачите до крајниот производ… Затоа доколку сакате да бидете сигурни дека вие и вашето семејство консумира висококвалитетно млеко потрудете се да изберете домашно.

Млекара Здравје Радово уште од 2002 година своите производи ги прави со 100% млеко од наши фармери. Сета суровина ја добива од долгогодишни партнери од нашата земја, најмногу од најголемите фарми, по веќе проверени стандарди на квалитет.

Во новите пакувања на Млеко со 3,2% и 0,5 % масленост, во целосно нова Тетра Пак амбалажа со капаче и пакување кое го задржува квалитетот на млекото и по неговото отворање, на своите потрошувачи им нуди млеко со стандардизиран квалитет, кој е потврден со највискоте европски стандарди за производство, применети во земјите челнки на Европската Унија.

Со купување на новата амбалажа, на Млеко Здравје 3,2% и0,5% сте сигурни дека пиете 100% домашно млеко, целосно добиено од млечна суровина, од кое секогаш ги добивате најквалитетните состојки кои треба да ги соддржи еден млечен производ…

bbb

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП