18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSubaru со две премиери

Subaru со две премиери

subaruu

Производителот на автомобили „Subaru“ на меѓународниот авто-саем во Њу Јорк имаше две светски премиери и тоа на моделите „Subaru XV krostrek hybrid“ и „Subaru WRX koncept“.

Томохико Икеда, претседателот на бордот на директори во компанијата, задолжен за глобалната продажба и маркетинг, изјави на прес-конференцијата за медиуми дека пазарот во САД е најважен за „Subaru“, затоа што тие се единствениот производител на возила кој бележи раст на продажбата во последните пет години.

subaruu.2jpg

„ Ќе продолжиме да ги пласираме на пазарот оние производи кои купувачите најмногу ги ценат. Тука ви прикажуваме два нови модели кои мислиме дека ќе ги задоволат и ќе ги направат среќни сите фанови и купувачи на „Subaru“. Првпат во историјата „Subaru“ презентира хибрид, a кој го изработивме со многу труд се со цел да ги обединиме традиционалните вредности на „Subaru“ и зголемената грижа за природата. Знаеме дека доаѓаат се построги стандарди за заштита на околината, па електрификацијата на возилата ја воведовме како клучна тема во нашето идно производство. Хибридот кој ќе ви го претставиме е нашиот прв чекор во тој правец“, изјавил Икеда.

„Subaru XV krostrek hibrid“ е првото возило на оваа компанија и како сите автомобили на „Subaru“ со себе ја носи филозовската одлика за квалитетно возење – „Уживање и спокој“.

subaruu3

Покрај сите оригинални атрибути кои ги поседува „XV krostrek“ (на останатите пазари само XV), одличното управување, погонот на сите тркала и сестраност, оргиналниот хибриден систем на „Subaru“ донесе уште поспортски карактеристики, забава и возење, нормално и вниманието кон животната средина.

„ Ви ја прикажуваме и нашата визија за идниот силен спортист. На сите ви е познато дека ние произведуваме врвни спортски автомобили, па нормално е интересирањето на нашите купувачи за нашите активности на тој план. Со сигурност ви тврдам дека и натаму ќе продолжиме да произведуваме вакви автомобили. Ви го претставуваме агресивниот и емотивниот изглед на идниот спортски автомобил, кој е дело на нашите дизајнери и го означува правецот по кој ќе се креира изгледот на нашите супер-автомобили“, рекол Икеда за време на откривањето на „Subaru WRX koncept“.

subaruu4

„Subaru WRX”  е познат по својот моќен турбо мотор кој развива огромна снага и испорачува голем вртежен момент низ унапредениот симетричен погон на сите четири тркала. Оваа добитна комбинација ги прави возачите моќни и самоуверени во било која ситуација.

Новиот „Subaru WRX koncept“ е олицетворение на новиот дизајнерски израз за следната генерација на „Subaru“ – агресивниот изглед е во склад со унапредените возни карактеристики и доживувањето при возењето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП