22 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНова книга од Дарко Гашпаровиќ

Нова книга од Дарко Гашпаровиќ

darko-darko

Издавачката куќа Феникс од Скопје, деновиве ја објави книгата „Писмото низ вековите“ од хрватскиот автор Дарко Гашпаровиќ, кој е годинашен лауреат на наградата на Охридската акдемија на хуманизмот.

Дарко Гашпаровиќ (1944) е доктор по хуманистички науки, драматург и летерат. Цо 2014 година е избран за дописен член на Хрватската академија на науките и уметностите.

Новата книга објавена во превод на Павлина Тасева на македонски јазик донесува вкупно дванаесет книжевно-културолошки огледи, а започнува со воведниот текст Враќање кон македонскиот искон, во кој авторот Драко Гашпаровиќ, меѓу другото вели: По девет објавени книги на хрватски јазик, еве ми ја десеттата на македонски. Намерно не велам прва на странски јазик, биејќи македонскиот за хрватскиот во ниту еден поглед не е странски, туку повеќезначно близок. Лингвистички се два цвета на јужнословенската гранка на големото словенско јазично дрво, културолошки пак, потекнуваат од истиот древен извор роден во Охрид пред повеќе од илјада и сто години, со величественото дело на свети Климент, ученик на светите браќа Кирил и Методиј. Тогаш нашите два народа се впишани во историјата на европската цивилизација, останувајќи нејзин дел се до денес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП