23 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКапиталниот труд „Сонологија“ од Димитрије Бужаровски издаден во Србија

Капиталниот труд „Сонологија“ од Димитрије Бужаровски издаден во Србија

sonoligija

Во Србија излезе од печат најновиот капитален труд од проф. д-р Димитрије Бужаровски „Сонологија“. 

Овој труд ги покрива подрачјата на акустиката, психоакустиката, електроакустиката и дигиталната обработка на звукот применети во музиката. Како издавачи се јавуваат Факултетот за уметности при Универзитетот во Ниш и Центарот за научноистражувачка работа на САНУ при Универзитетот во Ниш.

Како што објаснува авторот, терминот сонологија укажува на спецификата на оваа аплицирана дисциплина во подрачјето на музиката, односно музикологијата, со што таа се издвојува од изворните дисциплини (акустика, психоакустика, електроакустика) од кои ги црпи основните дефиниции на феномените и методот на истражување.

Со оглед на сè поголемото користење на новите дигитални технологии во создавањето, изведувањето и посебно во дистрибуцијата на музичката уметност, овој труд е од посебно значење за профилирањето на идните музички уметници, композитори и теоретичари.

Ова е четврто капитално дело од проф. д-р Димитрије Бужаровски, кое се објавува во Србија во последните четири години, односно следи по Истражувачките методологии (2012), Историјата на естетиката на музиката (2013) и Музикономијата (2014).

Во минатата година проф. д-р Димитрије Бужаровски кој веќе десет години предава на Универзитетот во Ниш, за својот придонес и заслуги во уметничката, теориската и педагошката работа беше промовиран во почесен доктор на Универзитетот во Ниш.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП