21 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДесет албуми на Боуви во британските топ 40

Десет албуми на Боуви во британските топ 40

bouvi

Десет албуми на скоро починатиот култен британски музичар Дејвид Боуви влегоа измината седмица во најпродаваните 40 албуми на британските топ листи, објави BBC.

Фактот дека албумите на Дејвид Боуви заземаат четвртина од британската топ листа најдобро покажува за каква музичка кариера станува збор и колкав е интересот и по минатите децении за неговите класични хитови.

На првото место од листата е неговиот последен студиски албум „Blackstar“, објавен на 8-ми јануари, на неговиот 69-ти роденден, два дена пред неговата смрт, кој за една седмица е продаден во повеќе од 150.000 примероци само во Велика Британија. Притоа, треба да се истакне дека беше изгледно дека „Blackstar“ ќе се искачи на врвот и пред да биде објавена веста за смртта на Боуви.

Покрај тоа, пет песни на Боуви влегоа на листата топ 40 сингл нумери. Највисокото место, дванаесеттото, го зазема песната „Heroes“, а покрај неа се и „Life On Mars“, „Starman“, „Let’s Dance“ и „Space Oddity“…

Вкупно во Велика Британија последните денови се продадени 241.000 албуми и 167.000 синглиови на Дејвид боуви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП