18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈункер: И покрај тешкотиите, ЕУ ќе опстане

Јункер: И покрај тешкотиите, ЕУ ќе опстане

junker-prv-govor

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, предупреди во петокот, во својот прв годинешен настап во јавноста, дека оваа година ќе биде тешка, но одлучно ја отфрли идејата дека поради тие тешкотии би можела да биде во доведена во прашања и самата Европска унија.

„Немам премногу илузии, кога станува збор за оваа година, бидејќи сé ќе биде тешко. Но нема да се откажам, ја отфрлам идејата дека тоа на некој начин е почетокот на крајот“, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер на прес-конференцијата во петокот во Брисел.

Јункер се зазема за изнаоѓање заедничко европско решение за мигрантската криза, која го доведе во прашање шенгенскиот простор, едно од најголемото достигнување во европските интеграции. Повтори дека пропаѓањето на Шенген значително би ја отежнало економската ситуација.

„Доколку некој сака да го убие Шенген, тогаш на крајот тоа ќе му се случи и на единствениот пазар. А тоа ќе доведе до проблеми со невработеноста во Европа. Помалку Шенген значи помалку вработени, помал економски раст. Шенген е едно од најголемите достигнувања во процесот на европските интеграции. Без Шенген, без слободата на движењето на работниците, без слободното патување на европските граѓани, еврото нема смисла. На ист начин се поврзани Шенген, слободата на движењето и единствениот пазар“, порача Јункер.

Оттаму, Европската комисија ќе стори сé што е потребно за да се сочува Шенген, додаде Јункер, истакнувајќи ја високата цена на повторното воведување на контролите на внатрешните граници. „Чекањето на секој камион на внатрешната граница би чинело 55 евра по час“, прецизираше.

Изрази и разочарување од бавното спроведување на сето она што досега беше договорено во врска со мигрантската криза. „Не можам да прифатам дека не е спроведена релокацијата на 160.00 луѓе“, рече Јункер. Според последните податоци, досега се распоредени само 272 лица, а според договорениот план во рок од две години би требало во земјите членки да бидат распоредени сите 160.000 лица.

Јункер рече и дека годинава првиот приоритет на Европската комисија ќе бидат растот и вработувањето, и ги повика земјите членки да ги спроведуваат структурните реформи, да покажат фискална одговорност, како и да се насочат на стратешките инвестиции.

Зборувајќи за еден од најголемите предизвици годинава за ЕУ, прашањето на останувањето на Велика Британија во Унијата, Јункер изрази уверување дека следниот месец на самитот ќе биде постигнат задоволувачко решение за тоа. „Прилично сум сигурен дека ќе имаме договор, не компромис како трајно решение“, рече Јункер.

Челниците на ЕУ ќе се соберат на 18-ти и 19-ти февруари во Брисел на самите на којшто би требало да постигнат договор околу реформите кои ги побара британскиот премиер Дејвид Камерон. Тој во ноември минатата година ги објави четирите главни области во кои бара реформи во ЕУ, за да може на британските избирачи да им препорача да гласаат за останување во ЕУ на референдумот кој вети дека ќе го одржи до крајот на 2017 година, но како најверојатен датум сега се споменува јуни оваа година.

Јункер се осврна и на ситуацијата во Полска, која се најде на удар на критиките откако новата влада го коригираше законите за уставниот суд и за именувањето на челниците во јавните медиуми. ЕК покрена прелиминарна анализа на полскиот закон за Уставниот суд за да се утврди дали е во спротивност со законодавството во ЕУ. Тоа е почеток на постапката, коешто може да доведе дури и до одземање на правото на глас на земја членка. Јункер рече дека во овој момент нема смисла да се споменува членот 7 од Договорот за ЕУ, кој ја дефинира можноста за одземање на гласот на земја членка, бидејќи само што е започнат дијалогот со полските власти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП