19 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВидеото „Lazarus“ на Боуви со рекордни 11,1 милиони прегледи во еден ден...

Видеото „Lazarus“ на Боуви со рекордни 11,1 милиони прегледи во еден ден на Vevo (видео)

David-Bowie-Lazarus-video

Видеоспотот на легендата на британската и светската рок ѕвезда Дејвид Боуви за нумерата „Lazarus“ ден по неговата смрт е прегледан на смртен канал Vevo 11,1 милиони пати, со што стана видеото со најголем број прегледи во еден ден, додека неговиот каталог имал дури 51 милион прегледувања, урнувајќи го рекордот кој дотогаш го држеше пејачката Адел.

Адел го постави рекордот на Vevo на 23-ти октомври кога објавувањето на видеото за песната „Hello“ го подигна бројот на прегледи на нејзиниот каталог на 36 милиони, а Дејвид Боуви со новиот рекорд ја престигна за уште 15 милиони, пишува списанието Vulture.

Бројот на прегледи на видеото „Lazarus“ на YouTube ја достигна во петокот сабајлето бројката од 20 милиони.

Дејвид Боуви почина на 10-ти јануари во 69-та година, губејќи ја шестгодишната борба со ракот на црниот дроб. Неговиот последен студиски албум со наслов „Blackstar“, на кој е синглот „Lazarus“, излезе на 8-ми јануари, точно на неговиот 69-ти роденден, два дена пред смртта.

Според предвидувањата на музичките списанија, албумот „Blackstar“ кој сите го прогласија за личен епитаф на Боуви, следната седмица би можел да се качи на врвот од музичките листи во САД и во Велика Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП