27 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКумановски графичари 2015 во Кавадарци

Кумановски графичари 2015 во Кавадарци

graficki 33

Денеска со почеток во 19 часот, во Изложбениот салон нa Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ – ќе биде отворена биеналната изложба на графика “Кумановски графичари 2015“.

Координатор на проектот е НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово. На изложбата учество земаа академските графичари: Зоран Јакимовски, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Милена Арсовска, Валентина Илијевска, Симона Јакимовска, Ана Јовановска, Мила Трендафиловска и Елеонора Накевска.

Со претставувањето на најновите графички остварувања на деветте графички уметници од Куманово ќе се обидеме и ова издание на традиционалната биенална изложба на графика “Кумановски графичари 2015“ да ви биде достапно како еден визуелен запис во времето од којшто ќе можете да го следите текот на актуелната графичка продукција на овие простори.

Изложбата беше за првпат презентирана во Куманово во текот на месецот октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП