17 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИОдобрена продажба на 4,1195 отсто сопствени акции на Реплек АД Скопје

Одобрена продажба на 4,1195 отсто сопствени акции на Реплек АД Скопје

komisija-za-hartii

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, на Реплек АД Скопје, му одобри продажба на сопствени акции по пат на приватна понуда. Со ова, Реплек АД Скопје ќе продаде 1.000 обични акции кои претставуваат 4,1195 отсто од основната главнина на Друштвото или со вкупен износ од 36.500.000 денари.

На седницата што се одржа денеска, a со која претседаваше Елизабета Чингаровска, комисијата ги одобри измените и дополнувањата на Статутот на Друштвото за управување со инвестициски фондови КБ Публикум Инвест АД Скопје. Со корекциите, се врши промена на адресата на Друштвото и се впишува новата висина на основната главнина, која произлегува од неодамна реализираната втора емисија на акции по пат на приватна понуда за познат купувач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП