6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Општина Јегуновце од денес е-кат шалтер на Агенцијата за Катастар

Во Општина Јегуновце од денес е-кат шалтер на Агенцијата за Катастар

katastar

Жителите на Општина Јегуновце од денеска можат да извадат имотен лист,  лист за предбележување градба и за времени објекти, како и евидентен лист за дивоградбите,  кај геодетска компанија, кај нотар или во општината преку новата апликација е-кат шалтер на Агенцијата за катастар на недвижности.

– По Илинден и Зелениково, Јегуновце е трета општина во Македонија што ја воведува оваа апликација. Таа овозможува електронско поврзување на геодетските компании, нотарите и општините со цел да се олесни издавањето на потребните документи на граѓаните и тоа за целата територија на државата. Жителите на општина Јегуновце на овој начин веќе немаат потреба да одат во катастарот во Тетово туку тука ќе може да ја завршат работата, рече директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески.

Според градоначалникот на Јегуновце Тони Коцевски, со воведувањето на апликацијата, локалната самоуправа продолжува да ја продлабочува улогата како сервис на граѓаните. Тој прв симболично ја искористи новата апликација на катастраот и извади имотен лист за неговиот дом и дворното место во Рогачево.

– Со ова на жителите од општината им се заштедува и пари и време, бидејќи тука без бирократски пречки или поголеми турканици можат да извадат соодветна документација или можат да извршат увид на имотот, изјави Коцевски.

Директорот на Катастарот Трпески, посочи дека оваа улуга од електронскиот катастар била промовирана во јануари годинава и досега на овој начин се реализирани 136 договори и се извадени над 6.000 имотни листови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП