8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРезултати од мерењата на загаденоста на воздухот се очекуваат во април

Резултати од мерењата на загаденоста на воздухот се очекуваат во април

vozduh-merenja

Во рамките на твининг проектот „Понатамошно зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на acquis во областа на квалитетот на воздухот” Министерството за животна средина почна со подготовката на Планот за квалитет на воздух за Скопје и со подготвката на краткорочните акциони планови за Скопје и Тетово, а резултати се очекуваат во април.

Како што рече министерот Нурхан Изаири, на годишното претставување на постигнатото на министерството, во доменот на следењето на квалитетот на амбиенталниот воздух, Министерството за животна средина континуирано врши одржување на Државниот мониторинг систем, а преку веб порталот граѓаните постојано се информирани за состојбата со воздухот.

„Дополнително во рамките на твининг проектот ќе се изработи и Планот за квалитет на воздух во Тетово. Со истиот проект се започнати и индикативни мерења на тешки метали во Тетово и во Скопје со што ќе можеме да ги утврдиме изворите на загадување на воздухот. Резултатите од овие мерење се очекуваат кон крајот на април“, рече Изаири.

Според него, минатата година една од областите на делување била и заштитата на водните ресурси, односно изградба на системи за водоснабдување, собирање и третман на отпадни води.

„Министерството реализира повеќе проекти, со средства обезбедени од буџетот, донаторски средства и средства обезбедени преку ИПА програмата. Во оваа прилика не би ги набројувал проектите. Но, би напоменал дека тие се повеќе од 40-ина и со вредност од окoлу 30 милиони евра“, рече Изаири

Смета дека посебно важно е дека во 2015 година успеале да искористат добар дел од достапните европски фондови за предпристапната помош, па така во текот на 2015 година, во рамките на ИПА компонента завршени се седум проекти, во фаза на имплементација се единаесет проекти, за два проекти евауацијата е завршена и треба да започнат во јануари 2016 година, а два проекти треба да започнат во март 2016 година.

„Исто така, Министерството распределува и средствата остварени по основ на надоместок за производство на енергија од фосилни горива како наменски додатоци за 2014, а реализирани во 2015 год. за опшините Новаци, Битола, Могила, Кичево и Гази Баба во вредност од 30 милиони денари“, рече Изаири.

Напомена дека во текот на 2015 година, во име на Владата, потпишани се 15 договори за концесии за изградба на 25 мали хидроелектрични централи.

„Што се однесува до управувањето со отпад, во текот на 2015г. активно се продолжи со започнатите процеси. Во изминатиов период нашите активности беа насочени кон заокружување на изработката на потребните документи за регионално управување во Источниот и Североисточниот регион, како и започнување на постапката за изработка на потребните документи за уште 4 региони: Вардарскиот, Скопскиот, Пелагонискиот и Југозападниот регион. Сите овие активности се спроведуваат преку 4 проекти во рамките на ИПА програмата за кои се обезбедени средства во вредност од 5 милиони евра“, рече Изаири.

Посебно го истакна успехот кој Министерството го постигна во однос на климатски промени, каде е усвоен Првиот двогодишен ревидиран извештај за климатски промени, кој е поднесен до Секретаријатот на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени, со што Република Македонија е првата држава во регионот и 11-та во светот која ја реализира оваа обврска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП