10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБерзите во Азија пораснаа, доларот зајакна

Берзите во Азија пораснаа, доларот зајакна

berzi azija 2994

На азиските берзи во средата цените на акциите пораснаа, бидејќи по подобрите од очекуваните податоци за надворешната трговија ублажени се стравувањата на вложувачите од слабеењето на кинеската економија.

На Токиската берза индексот Nikkei во претпладневното тргување во средата беше во плус за повеќе од 2,5 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Австралија, Јужна Кореја, Сингапур и Хонгконг пораснаа меѓу 0,1 и 2,4 отсто. Благодарејќи на тоа, MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, беше во плус од 1,6 отсто, оттргнувајќи се од најниските нивоа во последните четири години.

Азиските трговци беа охрабрени од подобрите отколку што се очекуваше извештаи за надворешната трговија на Кина. Во декември извозот, искажан во долари, паднал за 1,4 отсто во однос на истиот месец претходната година, додека аналитичарите очекуваа пад од 8 отсто. Увозот, пак, се лизнал за 7,6 отсто, додека се очекуваше пад од 11,5 проценти.

Иако податоците не се импресивни и иако инвеститорите се сомничави кон официјалните извештаи од Кина, извештајот од средата дава надеж дека ублажува забавувањето на растот во втората според обемот светска економија, како и дека трговските активности во светот се стабилизираат по слабата 2015 година.

Можноста од јакнењето на побарувачката од Кина, најголемиот светски потрошувач на сировини, позитивно влијаеше во средата претпладнето и на цените на сировините и на нафтата, кои веќе со месеци се под притисок. Така, откако во вторникот вечерта, првпат по 12 години, цента на нафтата падна под 30 долари за барел, во средата претпладнето цената на нафтата ма американскиот пазар порасна за повеќе од 40 центи, на 30,88 долари. На лондонскиот пазар, пак, цената на барелот порасна за 30-ина центи, на 31,17 долари.

Позитивно на пазарите влијае и стабилизацијата на курсот на кинескиот јуан во однос на американскиот долар, по интервенцијата на кинеската централна банка која не дозволува пад на валутата. Минатата седмица кинеската централна банка дозволи пад на курсот на јуанот кон доларот на најниското ниво од март 2011 година, што предизвика стравувања дека ситуацијата во кинеската економија е полоша отколку што се мислеше, како и дека тој потег може да предизвика нов бран девалвација на валутите на другите земји во регионот.

Меѓутоа, последните денови Пекинг го брани јуанот, а аналитичарите велат дека шансите на странските шпекуланти во натамошното уривање на јуанот се слаби, бидејќи кинеските монетарни власти имаат големи девизни резерви и бидејќи кинеската економија на е во толку лоша состојба како што некои сметаат.

„Не е мудро да се борите против кинеската централна банка. А стабилизацијата на јуанот ќе придонесе за враќање на довербата на инвеститорите во кинеските акции“, смета Јанг Хаин, аналитичар во компанијата „Kaiyuan Securities“.

А благодарејќи на стабилизацијата на берзите и на јуанот, наклонетоста на инвеститорите кон ризик за малку и порасна, па валутите кои се сметаат за безбедни засолништва за капиталот во несигурните времиња во средата претпладнето ослабеа.

Така, курсот на американската во однос на јапонската валута достигна 118,30 јени, додека во вторникот во истиот период од денот изнесуваше 117,50 јени. Со тоа дополнително се оддалечи од 116,70 јени, најниското ниво во последните четири ипол месеци, на кое се лизна во понеделникот. Доларот зајакна и во однос на европската валута, па цената на еврото се лизна на 1,0830 долари, додека вчера изнесуваше 10.880 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП