30 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМали, лути и многу корисни

Мали, лути и многу корисни

tabletki-4

Чили пиперчињата го стимулираат апетитот и ја потикнуваат работата на дигестивниот тракт, благодарение на антиоксидантите ги уништуваат слободните радикали, и помагаат при отстранување на отровите…

Чили пиперката содржи капсаицин кој делува како аналгетик, антибиотик и антисептик. Важен извор е на витамините А, Б, Ц и Е како и минералите како манган, калиум и бакар. Капсаицинот го поттикнува ослободувањето на ендорфин кој е природно средство против болки. Тој го стимулира мозокот да лачи ендорфин и дава чувство на задоволство, поттикнува енергија во телото и го загрева.

zemjodelstvo127-1

Ќе ви помогне и полесно да дишете, така што навлегува во бронхиите и респираторниот тракт (нормално, доколку не претерате).

Витаминот Ц, бета каротенот, фолната киселина во чили пиперчињата имаат антиканцерогени ефекти. Истражувањата покажаа дека тие имаат ефект во намалувањето на ризикот од појава на рак на дебелото црево, додека ликопенот во црвените чили влијае на спречувањето на рак општо.

Делуваат на намалувањето на крвниот притисок и намалувањето на нивото на холестерол, така што придонесува за здраво срце и штити од срцеви заболувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП