2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба „Феникс од пепелта. Уништувањето и обновувањето на Варшава 1939-1955“

Изложба „Феникс од пепелта. Уништувањето и обновувањето на Варшава 1939-1955“

feniks-pepel

Музејот на град Скопје во соработка со Амбасадата на Република Полска во Република Македонија ја подготвува изложбата „Феникс од пепелта. Уништувањето и обновувањето на Варшава 1939-1955“.

Изложбата, која е дел од архивата на Бирото за обнова на градот Варшава и од 2011 година е вброена во престижната меѓународна листа „Меморија на светот“, ќе биде достапна за публиката во главниот град од 15 јануари 2015 година.

„Обновата и развојот на градовите по големи разурнувања, како во случајот на Варшава и Скопје, претставуваат значаен општествен предизвик, однос на нацијата кон минатото и визија за иднината. Оваа значајна изложба, која ја реализираме во соработка со Полската амбасада и со поддршка на градот Скопје и градоначалникот, ние во музејот ја гледаме како почеток на долгорочната соработка на двете престолнини и нивните културни институции.“ – изјави директорот на градскиот музеј д-р Љубен Тевдовски.

По повод отворањето на изложбата во Музејот на градот Скопје најавена е и посета на културна делегација од Полска, предводена од Пиотр Јакубовски, директорот на Домот на средби со историјата на Варшава и госпоѓа Магожата Наимска, заменик-директор на Бирото за култура на градот Варшава.

Музејот на град Скопје и градоначалникот Коце Трајановски во текот на неделата имаат предвидено програма за гостите од Полска, во рамките на која е предвидено заедничко планирање на идните културни размени.

Полските водечки архитекти кои учествувале во пост-воената обнова на Варшава, како Циборовски, Јанковски, Клижевски, Мокжински и Виежбицки биле предводници и на плановите на Обединетите Нации за обновата на Скопје по земјотресот во 1963 година и учествувале во проектирањето на културните институции во македонската престолнина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП