По турбулентната 2015-та година во која „CHF“ нагло ја зголеми вредноста, а цената на нафтата падна за дополнителни 25%, ни следи уште една неизвесна година во која се множни значајни промени на вредностите на енергијата, валутите, акциите и останатите финансиски инструменти.
Валути
Економската ситуација во најважните економии во светот веројатно нема значително да се промени. Американската економија ќе расте со умерено темпо, додека економијата на Кина, Јапонија и еврозоната ќе растат побавно од очекувањата и желбата на економистите и владите на споменатите земји. Поради тоа, за разлика од повеќето централни банки кои и натаму ќе спроведуваат лабава монетарна политика, американската централна банка во текот на годината каматната стапка ќе ја подигне уште неколку пати. Тоа најверојатно ќе предизвика дополнително јакнење на американскиот долар во однос на повеќето други валути, а особено во однос на еврото, затоа што се предвидува дека Европската централна банка ќе мора дополнително да ја намали веќе рекодно ниската каматна стапка. Можно е во текот на годината американскиот долар барем на кратко да стане појак од еврото.
Бидејќи стапката на инфлација во Швајцарија е многу ниска и се заканува дефлација, можно е швајцарската централна банка да биде присилена агресивно да делува, па така да го ослаби и натаму преценетиот „CHF“. Аналитичарите на „Admiral Markets“ сметаат дека најизгледното сценарио е движење на курсот на „CHF“ со слабеење од неколку проценти.
Акции
По 2015-та година во која американскиот „SP500“ индекс заврши на исто ниво со кое ја започна, веројатно не очекува добра година. Како причина за отсуство на раст беше прилагодувањето на престанувањето на вбризгување на пари во финансискиот систем и стравот од последиците од првото подигнување на каматната стапка по речиси една деценија. Но, токму подигнувањето на каматната стапка беше знак дека сега дури и премногу внимателната американска централна банка е уверена дека американската економија е во добра состојба и дека оваа година состојбата ќе продолжи да се подобрува. Врз основа на тоа се очекува раст на вредностите на гласниот американски индекс на барем 5-10%. Акциите на развиените европски пазари би можеле да пораснат за нијанса повеќе врз основа на лабавата монетарна политика во Европа.
Злато
Со продолжувањето на подигнување на каматните стапки во САД, чувањето на вредноста во злато, кое не придонесува со никаков принос, ќе стане се помалку привлечно. Многу сопственици на злато ќе се одлучуваат на продажба и вложување на капиталот во други инвестициски класи, што најверојатно ќе предизвика пад на цената на златото од сегашните 1074 долари на под 1000 долари за унца.
Нафта
Веќе неколку недели цената на „BRENT“ нафтата не успева да падне под нивото од приближно 35 долари што можеби укажува дека наскоро ќе заврши трендот на паѓање на цената. Засега нафтата на пазарот се уште ја има премногу, па тоа е можност за дополнителен пад на цената од неколку проценти, но инвеститорите и шпекулантите секогаш набљудуваат на подолг рок, така што многу бргу може да се случи повторно масовно да се купува нафта. Имено, на глобално ниво производните капацитети се само неколку проценти поголеми од моменталната побарувачка која од година во година стабилно расте. Во таквата ситуација, падот на капиталните вложувања во нафта во ископини и останата инфраструктура од 30 проценти во 2015-та и очекуваниот пад од дополнителни 20-30% во оваа година, порано или подоцна ќе предизвика недостаток и брз раст на цената на „црното злато“. Аналитичарите на „Admiral Markets“ сметаат дека врз основа на недостатокот во иднина многу брзо би можело да дојде до значајно купување на нафтени договори што би предизвикало раст на цената од дури неколку десетина проценти во текот на годината.