29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПресметка на гигантите во ЛШ

Пресметка на гигантите во ЛШ

France Socccer Champions League

Фановите ширум светот ги одбројуваат часовите и минутите до почетокот на првите четвртфинални натпревари од Лигата на шампионите.

Квалитетен фудбал ќе има и ден подоцна, но нема сомевање дека во фокусот ќе се наоѓаат двете средби кои се на програмата денеска во 20.45 часот.

Кој има можност да бира, навистна ќе биде тешко да се определи меѓу Баерн-Јувентус и ПСЖ-Барселона, затоа што на двата стадиони играат најдобрите и најатрактивните фудбалери на планетата, а притоа и четирите лидери во националните првентсва и најверојатно идни шампиони на своите земји.

France Soccer Champions League

Дуелот меѓу Баерн и Јувентус носи шмек на старите времиња, затоа што „баварците“ три од четирите европски титули ги имаат освоено во 20-тиот век (1974, 1975, 1976, 2001), a „старата дама“ двете (1985, 1996).

Баерн во текот на претходната деценија беше во мала криза според резултатите, но пласманот во финалето во 2010-та и 2012-та го наговести успонот кон самиот врв.

Јувентус полека се враќа на старите патеки, поради тоа што неколку години го плаќаше цехот од аферата „калчополи“ и привремената селидба во Серија Б.

Germany Soccer Champions League

Тимот на Јуп Хејнкес викендов го „демолираше“ Хамбургер во домашното првенство (9:2), но и во дуелите од претходната рунда со Арсенал покажа дека не е баук.

ПСЖ е „поткован“ со милионските инвестиции од арапските сопственици, па така ќе се обидат да ги замрсат сметките на Барселона, која во минатиот век излезе како победник само во една (1992) од четирите борби за европската круна, но затоа последните години има скор 3 од 3 (2006, 2009, 2011).

„Светците“ не се поразени на својот стадион во Европа веќе 23 средби од ноември 2006-та година.

Thomas Mueller

Па така тие најавуваат дека нема да ги респектираат Меси и екипата, а одлична вест добија пред некој ден кога УЕФА одлучи да ја преполови казната на Ибрахимовиќ, па така тој ќе може да игра во дуелот со Барса.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП