12 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМинистерството за култура ја одзема лиценцата на ММИ заради лоша прераспределба на...

Министерството за култура ја одзема лиценцата на ММИ заради лоша прераспределба на средствата

m kultura 334444

Министерството за култура информира дека дозволата за колективно управување со правата на уметниците, музичките изведувачи и произведувачи на фонограми на Македонската музичка индустрија -ММИ и е одземена заради лоша прераспределба на средствата.

„Оваа организација во 2014 година имa потрошено 81,5 проценти од прибраните парични средства за работењето на организацијата (плати за вработени, хонорари, закупнина и слично), повеќе од законски дозволениот лимит кој изнесува 15 проценти за оваа намена“, се вели во соопштението од Министерството за култура.

Од Министерството појаснуваат дека ММИ, согласно со Законот за авторските и сродните права, за работењето на организацијата може да потроши само 15 проценти од сите прибрани средства за своето тековно работење, додека остатокот од средствата во висина од 85 проценти треба да го распредели на носителите на правата.

Тие уште додаваат и дека ММИ не ја испочитува законската обврска за инсталирање софтвер за електронско евидентирање на емитуваните дела во радио-телевизиските организации.

„Заштитата на авторските права и правилната распределба на средствата со кои соодветно ќе се вреднува творечката работа на носителите на правата (авторите, изведувачите, произведувачи на фонограми и др.), како и досега така и во иднина останува приоритет на Министерството за култура. Министерството за култура нема да дозволи противзаконско работење на сметка на носителите на правата“, се вели во соопштението од Министерството за култура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП