22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочна изградбата на новиот фекален колектор во Ново Лисиче

Започна изградбата на новиот фекален колектор во Ново Лисиче

nlisice 3345

Започна изградбата на новиот фекален колектор по должината на булеварот „Видое Смилевски Бато“, во скопската населба Ново Лисиче.

„Станува збор за изградба на нов фекален колектор со вкупна должина од 771 метар, од крајот на булеварот „Видое Смилевски Бато“ до крстосницата со булеварот „Србија“, каде што ќе се поврзе со постојниот фекален колектор. На овој потег ќе се монтираат полипропиленски канализациони цевки со профил ф-800 милиметри, а ќе бидат поставени и 12 ротомолдинг шахти. Рокот на изведба е 90 работни денови, а за реализацијата на овој проект Град Скопје ќе издвои околу 27 милиони денари“, рече скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

Премиерот Никола Груевски изјави дека со реализацијата на овој капитален инфраструктурен проект, ќе се решат проблемите од овој вид за жителите од овој дел на градот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП