2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНорвешките доктори сакаат да ја забранат продажбата на цигари

Норвешките доктори сакаат да ја забранат продажбата на цигари

cigarette-smoking9999

Норвешката медицинска асоцијација сака непушачко општество до 2035-та година и затоа предлага забрана за продажба на продукти од тутун на секој кој е роден по 2000-та година, како прв чекор.

Претседателот на Асоцијацијата, Марит Хермансен за Aftenposten вели дека не е основно човеково право да се употребува тутун.

„Имаме долгорочна политика да го напуштаме пушењето до 2035-та година. Ова е мерка за да се постигне целта. Сакаме непушачка генерација“, вели Хермансен.

„Не треба да биде забрането да се пуши, туку ние сакаме младите да не почнуваат да пушат“, вели таа.

Таа верува дека тоа е возможно ако се прифатат предлозите на Асоцијацијата.

„Министерот за здравство вели дека е главен приоритет да се држат младите настрана од цигарите. Ова подразбира дека додека новите генерации не наполнат одредени години, не може да купат цигари во Норвешка“, вели таа.

Покрај ентузијазмот на Асоцијацијата, од Aftenposten разговарале со портпаролите на сите политички партии во парламентот, кои велат дека ваков предлог е моментално неодржлив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП