22 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРААгенцијата за филм ќе поддржи 21 филмски проект

Агенцијата за филм ќе поддржи 21 филмски проект

агенција-за-филм

Агенцијата за филм на Република Македонија донесе одлука за прифаќање на проектите по Конкурсот за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм во вториот рок на одлучување согласно која поддржа вкупно 21 филмски проект.

Поддржани се 11 долгометражни филмови и 10 краткометражни филмови.

Меѓу долгометражните има два играни филмови со мнозински финансиски удел, четири играни филмови со малцински финансиски удел и пет документарни филмови со мнозински финансиски удел, а кај краткометражните седум играни филмови и три документарни филмови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП