6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСредба со поетесата Гордана Михаилова Бошнаковска

Средба со поетесата Гордана Михаилова Бошнаковска

гордана

Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ од Скопје, во среда, во 19 часот ќе се одржи средба со Гордана Михаилова Бошнаковска.

Во оваа пригода дваесетина поети ќе беседат и ќе читаат стихови од нејзината поетска книга „Слики“,во издание на „Матица македонска“ од Скопје.

Гордана Михаилова Бошнаковска (Битола,1940) е првата дама на современата македонска поезија. Автор е на стихозбирките: „Времето го нема“, „Писма“, „Влегување во Делта“, „Њујорксон“, „Нордиски љубовници“, „Планини од картонски кутии“, „Пораките на далечините“, „Толкување на морето“, „Докази“, „Допири суштини“ и „Мајките“. Нејзини творби се преведени на повеке странски јазици. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на Струшките вечери на поезијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП