3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на сатирични слики на стакло

Изложба на сатирични слики на стакло

staklo izlozba 945

ОСТЕН Скопје организира изложба на Мице Јанкуловски – сатирични слики на стакло.

Авторот ќе се претстави со циклусот на слики со сатирична содржина, создадени во ’80-тите години на минатиот век, во интересна и ретка техника – масло на стакло.

Изложбата ќе биде поставена во галерија ОСТЕН, во среда, во 12 часот.

Јанкуловски е роден 1954 г. во Сливово, Македонија. Се занимава со сликарство, карикатура и анимиран филм. Ја негува специфичната техника сликање на стакло. Има остварено 40 самостојни изложби во земјата и низ светот, меѓу кои во Скопје, Рим, Париз, Софија, Анкара, Загреб… Добитник е на 12 домашни и меѓународни награди и признанија. Живее и работи во Скопје, како директор на ОСТЕН.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП