18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОбјавен расказ на Томислав Османли

Објавен расказ на Томислав Османли

17092012094705_tomislav-osmanli

Расказот “Сонот на Ангеле Богев“, проза на македонскиот писател Томислав Османли објавен е во двобројот 5-6 на „Тема“, угледното „Списание за книга“ кое се појавува во Загреб.

Се работи за сатирична фантазија која и` припаѓа на неговата серија прозни текстови жанровски одредени како „каприча“. Како и другите прози од ова серија, и овој текст се проследува со композиција од илустрации по избор на авторот, врзани за конкретниот текст. Расказот е една од поновите прози на Османли кој беше откупен по конкурсот и објавен во „Нова Македонија“. Преводот на расказот на – како што сега збирно се нарекува – јазикот „бхсц“ го реализира Зоран Ж. Пауновиќ од Белград, со тоа што со негова дозвола, неговиот текст беше вообличен во духот на хрватскиот литературен јазик. „Списанието за книга“ кое во секој број вклучува и по една тема од културата на која се осврнуваат истакнати имиња на хрватската култура и уметност, го уредува Бранко Чегец.

Инаку, Томислав Османли и`е познат на хрватската книжевна јавност, најапред со објавата на неговата театарска пиеса „Апокалиптична комедија“ во превод на претходниот хрватски амбасадор во Скопје и истакнат македонист Проф. Д-р Златко Крамариќ во списанието „Књижевна ревија“ од Осјек кое го уредуваше самиот; потоа со објавата на романот „Дваесет и првиот (книга на фантазми)“ во превод на Проф. Д-р Борислав Павловски, чијашто појава во Хрватска беше проследена, како со интервјуа на нашиот автор, така и со неколку позитивни одгласи на книжевната критика меѓу кои еден токму во списанието „Тема“; потоа неговиот расказ „Небото на Сукот“ во еврејското списание „Руах хадаша“ кое се појавува во Загреб и, сега, со објавата на неговата проза од поновата продукција, расказот „Сонот на Ангеле Богев“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП