4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВински советник на кралицата Елизабета препорачува македонскo винo

Вински советник на кралицата Елизабета препорачува македонскo винo

vranac 3

Британскиот вински гуру Џенсис Робинсон која воедно е и колумнист на реномираниот весник „Фајненшл тајмс“, на својот веб-сајт го издвои виното „Вранец“ на македонската винарија „Стоби“ како главна препорака за Божик.

Експертката која е и советник за винската визба на кралицата Елизабета Втора посочува дека црвеното вино од бербата од 2011 година е врвен избор за празничната трпеза.

„Некои неверојатно добри вина може да се најдат на најмалку очекуваните места. „Вранец“ на винаријата „Стоби“ би чинело двојно повеќе доколку доаѓаше од некоја очекувана, мејнстрим локација, а не од Република Македонија. Очигледно многу вешто е мешано од мојата колешка која исто така ја има титулата Master of Wine, Каролин Гилби и е специјалист за вински прашања и за Југоисточна Европа“, пишува Џенсис Робинсон.

jancis-robinson-stobi

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП