10 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОтворање на изложбата „Ние сите сме сами во ова“ во Кирениа, Кипар

Отворање на изложбата „Ние сите сме сами во ова“ во Кирениа, Кипар

iz kipar 3

Веднаш по завршувањето на 56. Биенале во Венеција, заедничкиот проект на уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски „Ние сите сме сами во ова“ чиј куратор е Башак Шенова веќе има свое претставување, со промоција на книга и изложба, во галеријата Art Rooms во градот Кираниa на Кипар. Изложбата ќе трае до 4-ти јануари 2016 година.

„Ние сите сме сами во ова“ од Христина Иваноска и Јане Чаловски ја проучува и ја спори претставата за вербата во денешните истовремени и многукратни општествено-политички состојби. Проектот упатува на низа сложени извори: остатоците од фрескоживописот од црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново, живописана во дванаесеттиот век од непознат зограф, како и делата од Симон Вејл, Лис Иригарe и неодамна откриените лични белешки од Пол Тек од 1970-тите години. Додека трага по политички вредности во претставите на формалната естетика и во книжевни извори, делото носи особена итност за артикулирање на начините на кои постојано се зафаќаме со минатото и сегашноста и се отфаќаме од нив, ставајќи прашалник на вербата во рамките на социо-политичките и економските стварности.

Проектот исто така го вклучува и краткиот филм на Јане Чаловски „Детал“ (1999/2015) кој се однесува на вербата, не само како емоционална и интелектуална состојба, туку исто така и како современа општествено-политичка аномалија, како и најновото рачно извезеното дело на Иваноска „Однасловено (За имагинацијата и желбата)“ а кое пак рефлектира на денешниот социо-политички и културен контекст.

Еден од составните делови на проектот „Ние сите сме сами во ова“ е книгата чие публикување на англсики јазик беше овозможено со поддршка на Art Rooms, Кираниa.

Уредена од Башак Шенова книгата го анализира и евидентира влогот во проектот преку текстовите на Маја Неделкоска Брзанова, Елке Красни и Себастијан Цихоцки, како и разговор меѓу уметниците и кураторот. Текстуалните прилозите на Ен Барлоу, Ксенија Чочкова, Славчо Димитров, Бранко Франчески, Омар Колеиф, Андерс Кројгер, Новембер Пејнтер, Ана-Каиса Растенбергер, Дирк Теубер, Џалал Tуфик и Ејал Вајзман отелотворуваат различни перспективи на вербата и се придружени со цртежи од уметниците. Англиското издание на книгата беше дизајнирана од Ерхан Муратоглу, издадена од Националната галерија на Македонија, а печатена во Мас Matbaa, Истанбул.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП