7 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на современата чешка уметност со наслов „Правило и исклучок“

Изложба на современата чешка уметност со наслов „Правило и исклучок“

pravilo-i-isklucok

Во рамките на Програмата на Националната галерија на Македонија, денес во 19.30 часот, ќе се отвори изложба на современата чешка уметност со наслов „Правило и исклучок“, а во четврток, во 12 часот ќе се одржи предавање апропо изложбата од страна на кураторката Мариана Серанова.

Настаните ќе се реализираат во објектот Чифте амам.

Уметници вклучени во изложбата се: Алеш Чермак (Aleš Čermák), Ева Јиржичка (Eva Jiřička), Ева Котјаткова (Eva Koťátková), Барбора Клеинхамплова (Barbora Kleinhamplová) и Тереза Стејскалова (Tereza Stejskalová), Вацлав Магид (Václav Magid), Маркета Магидова (Markéta Magidová) и Јан Феифер (Jan Pfeiffer), Јан Манчушка (Ján Mančuška), Слава Соботовичова (Sláva Sobotovičová), Роман Штетина (Roman Štětina), Адам Вачкар (Adam Vačkář) сите одлични претставници на чешката современа визуелна сцена.

Делата претставени на оваа изложба претставуваат само мала илустрација за перформативните пристапи кои често се применуваат во последниве неколку години, особено од страна на помладата генерација на чешки уметници.

На изложбата има дела кои се создадени и документирани во разни автентични средини со помош на претставници на различни социјални групи и проекти во кои учествуваат професионални актери или изведувачи.

Насловот на изложбата, Исклучок и правило, е позајмен од истоимената „драма за учење“ од Бертолд Брехт (Die Ausnahme und die Regel), чии хипотези, особено во смисла на пристап кон гледачот, општествен ангажман на уметноста како агент на социјални промени и ослободување на обесправените класи, се во врска со „социјален пресврт” и едукативни трендови меѓу оние кои најмногу се спомнувани од авторите во последните две децении.

Куратор на изложбата е Маријана Серанова, која овој проект го организира во соработка со Ана Франговска и истата ќе биде поставена до 3 јануари 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП