21 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Љубојна“ ќе ги забавува прилепчани за Нова година

„Љубојна“ ќе ги забавува прилепчани за Нова година

ng ljubojna

Настап на „Љубојна“ и хип-хопери, нуди новогодишната програма за оние кои ќе одлучат Новата година да ја дочекаат на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ во Прилеп.

Општина Прилеп годинава подготви програма за заеднички дочек на Новата 2016-та на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“, која ќе им се допадне на поголемиот број на граѓани и ќе ги измами да излезат и да се забавуваат во оваа најдолга ноќ, сметаат организаторите.

За најмладите, децата од градинките и предшколска возраст на Камената бина ќе има специјална програма со многу музика и песнички, кои сами ќе ги изведат, а секако ќе ги посети и Дедо Мраз. Оваа детска забава започнува во 11 часот.

Новогодишната програма за оние малку поголемите почнува точно на пладне со локалните ѕвезди ACES UNFOLD (Ејсис анфолд) и Станица 048, а во дневниот дел ќе настапат и специјалните гости: скопскиот реге, ска состав БРУКА БЕНД.

Главни ѕвезди на самата новогодишна ноќ е најпопуларниот македонски бенд во 2015 – Љубојна & Brass Fantasy!

Музика која ја прифатија и младите и старите, која во исто време е и традиционална и модерна. Љубојна доаѓа во полн состав, така да спремете се за вистинско уживање. По полноќ, односно 2016-та ќе започне хип-хоп журката во ритамот на Митко Пикисипи од САФ, односно Диџеј Димитри from Чаир кој е еден од основачите на македонскиот хип хоп, познат во светската, регионалната и домашната музичка сцена, за прв пат пред прилепската публика.

„Ве покануваме да бидете дел од една незаборавна ноќ на плоштадот Методија Андонов – Ченто. Ве очекуваме во што поголем број, нема да биде многу студено според најавите на метеоролозите, но сепак за загревање ќе бидете послужени со топло чајче“, рече градоначалникот Марјан Ристески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП