17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Како снежна топка надолу по планината“ изложба на групата МОМИ

„Како снежна топка надолу по планината“ изложба на групата МОМИ

momi'

Отварањето на изложбата на групата МОМИ, „Како снежна топка надолу по планината“ во галеријата на Факултетот за ликовни уметвости во Скопје, ќе се случи денес, во 19:30 часот.

Преку интерактивен перформанс, делото ќе биде надополнето и комплетирано со нови содржини. Сите посетители се добредојдени да учествуваат во овој процес. За таа цел треба да понесат сопствено видео или фотографија (до 100МB) во својот мобилен телефон, или да го снимат на самиот настан.

Делото претставува инсталација составена од цртеж кој го опфаќа целиот простор и претставува подлога за надоградување со активатори на дигитални содржини, кои можат да се следат преку специфична апликација на таблет или мобилен телефон.

Групата МОМИ постои од мај 2012 година, а нејзини членови се Ана Ивановска, Зорица Зафировска, Кристина Хаџиева, Маја Кировска, Марија Сотировска, Татјана Ристовска, Христина Зафировска, кои на голем број заеднички проекти соработувале уште пред формирањето на МОМИ, во рамките на групата Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т. Изложбата “Како снежна топка надолу по планината“ е дванаеста изложба на групата МОМИ. Нивните досегашни изложби се претставени во повеќе градови во Македонија и странство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП