Денес внимание ќе им посветиме на играчите кои се последната линија на одбраната, играчите кои ги вадат своите тимови од сите каши – голманите. За нив е познато дека се играчи кои не се многу скапи, но овие кои ќе ги наброиме денес, со своите трансфери можат да им парираат на голем број фудбалери.
5. Јан Облак – 16 милиони евра
Можеби не блесна многу во Бенфика, но и тие неколку настапи кои ги имаше за Португалците беа доволни за да ги убедат газдите на Атлетико, кои бараа брза замена за Куртоа. Облак потпиша со тимот од Мадрид во 2014 година за сума од 16 милиони евра.
4. Анџело Перуци – 17.8 милиони евра
Откако мина осум години како прв голман на Јувентус, Перуци во 1999 година потпиша за Интер, каде што остана само една сезона. По лошата сезона со „неразурите“, во 2000 година тој премина во Лацио за 17.8 милиони евра
3. Давид де Хеа – 22 милиони евра
Продукт на младинската школа на Атлетико, Де Хеа ја бранеше мрежата на Мадриѓани сè до 2011 година, кога потпиша за Манчестер Јунајтед. Фергусон бараше добра замена за Ван Дер Сар и не внимаваше колку пари ќе даде за Шпанецот. Де Хеа потпиша за „црвените ѓаволи“ за сума од 22 милиони евра.
2. Мануел Нојер – 24 милиони евра
Германецот помина пет години како голман на Шалке и оствари преку 150 настапи за клубот. Во 2011 година го привлече вниманието на најголемиот ривал на Шалке, Баерн Минхен, кој понуди 24 милиони за неговите услуги. Понуда која Шалке ја прифати и оттогаш Нојер игра за Баерн.
1. Џанлуиџи Буфон – 40.2 милиони евра
Откако успеа да создаде за себе име во Парма, каде што помина шест години како голман, интерес за Буфон пројавија италијанскиот гигант, Јувентус. Во 2001 година, „старата дама“ одеше на голем ризик и им понуди на челниците на Парма, вртоглави 40 милиони евра за нивниот голман. Џиџи потпиша за црно-белите и останатото е историја.