10 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата најниска во 11 години

Цената на нафтата најниска во 11 години

Russian Oil Stops Flowing To Western Europe Thru Belarus

На лондонскиот пазар цената на барелот од нафтата „Brent“ утрово падна на најниското ниво од 2004 година, симнувајќи се под 36,2 долари, поради загриженоста на инвеститорите од преголемата понуда, додека побарувачката слабее поради забавувањето на растот на глобалната економија.

Откако минатата седмица падна за околу 2,5 отсто, утрово на лондонскиот пазар цената на барелот нафта од марката „Brent“ за испораките во февруари се лизна за дополнителни 1,21 отсто, до 36.21 долар за барел, а потоа и за вкупни 2 отсто, под 36,18 долари за барел, што е нејзино најниско ниво од јули 2004 година, кога изнесуваше 36,2 долари за барел. Тоа беше и нејзината најниска цена на врвот од глобалната финансиска криза во 2008 година.

Цената на барелот за испораките во јануари сировата нафта од типот WTI, пак, се намалија за дополнителни 0,98 отсто, на 35,70 долари. На американскиот пазар, барелот, подоцна во понеделникот утрото поевтини за 30-ина центи, на 34,40 долари.

И на лондонскиот и на американскиот пазар цените на нафтата паднаа за повеќе од две третини од половината на 2014 година, кога се движеа над 100 долари, и кога започна трендот на падот на цените.

Падот на цените на нафтата, според аналитичарите, е последица на слабостите на побарувачката поради забавувањето на глобалната економија, во прв ред кинеската, која е најголемиот светски потрошувач на сировини. Од друга страна, производството и натаму е високо, бидејќи најголемите светски производители не успеваат да се договорат за намалување на производството како би ги поткрепиле цените. Покрај тоа, цените на нафтата  се под притисок и на високиот курс на доларот, откако минатата седмица американската централна банка Federal Reserve (Fed) првпат од 2006 година ги зголеми клучните каматни стапки.

Притисокот на пазарот на нафта продолжува по одлуката на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) од 4-ти декември, да не ги менува квотите за производството на нафта, кои изнесуваат 30 милиони барели дневно, при што се одлучи да го одржи нивото на фактичкото производство, кое ја надминува квотата од 1,5 милиони барели.

„Не постојат значајни знаци на раст на побарувачката, и не видовме никакви значителни намалувања на производството. Ништо не се измени на пазарите на нафтата последните неколку месеци, освен цените“, коментираше за Bloomberg Рик Спунер, главен аналитичар на пазарите во CMC Markets во Синдеј.

Врз негативната динамика влијаат и податоците од извештајот на Меѓународната агенција за енергија (IEA), според кои на пазарите се очекувал раст на побарувачката до 1,8 милиони барели нафта дневно, а во 2016 година на 1,2 милиони барели дневно. Во својот извештај, агенцијата, исто така, истакнува дека вишокот сировини на светскиот нафтен пазар ќе се чувствува до крајот на 2016 година.

Извештаите на американската нафтена услужна компанија „Baker Hughes“ за динамиката на новите бушотини за минатата седмица заклучно со 18-ти декември, исто така, доведе до намалување на цената на „црното злато“. Бројот бушотини во САД на крајот од работната седмица не беше променет и изнесуваше 709 единици. На годишно ниво, оваа бројка падна за 1.166 единици, или за 62,1 отсто. Притоа, бројот на нафтени постројки се зголемил за 17 единици, или за 3,24 отсто, до 541 постројка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП