18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПродажна изложба на уметницата Анка Данаиловска

Продажна изложба на уметницата Анка Данаиловска

анка-данаиловска

„Остен Скопје“ организира продажна изложба на уметницата Анка Данаиловска, под наслов „Сочуваните спомени”, во четврток со почеток во 17 часот, а поставките ќе бидат изложени до 26 декември годинава.

Ќе може да се погледнат и купат цртежи и графики, со дел од нив Анка е учесничка на „Остен Биенале“ на Цртеж Скопје 2016, а дел ќе бидат достапни за откуп од љубителите на уметноста.

Во пресрет на празниците, со оваа изложба сакаме да ве поттикнеме на размисли за она кое си го подарувате себе си и на своите ближни. Што се спомените ако не ги преточиме во уметност и не си ги даруваме? Разгалете се со парче уметност, сегменти од душата на уметницата Анка Данаиловска низ живеењето на “волшебен ќилим”.

Графичарката Анка Данаиловска има реализирано околу дваесетина самостојни изложби и тоа во Скопје, Гевгелија, Париз, Куманово, Софија, Марибор. Во периодот од 1998 година, па до денеска добила седум награди за своите цртежи и графики.

Данаиловска е родена во 1972 година во Куманово. Во 1989 година завршила средно училиште за применета уметност, а во 1995 година дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје на графички оддел во класата на професосот Димче Николов.

„Според досегашните политики и практитки на изложување уметност во нашава Македонија, немало афтер ворк настани од уметнички калибар, па затоа ние решивме да започнеме со еден нов културолошки десерт за сите хард воркинг љубители и конзументи на уметноста“, велат од Остен.

Ова е прва од серијалот афтер ворк континуирани самостојни изложувања на дел од заинтересираните учесници за Биеналето на Цртеж 2016 година, во Галерија ОСТЕН.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП